И отец Пимен стигна да сведочи во суд за 27 април, го бранеше Бетмен
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2018
Отец Пимен, владиката од МПЦ познат по своите прогресивни и либерални ставови и често на мета од конзервативната јавност, денеска сведочеше во корист на Богдан Илиевски - Бетмен, еден од предводниците на „За заедничка Македонија“ и обвинет за упадот во СОбранието на 27 април.
Пимен го бранеше Илиевски како близок пријател, велејќи дека тој нема агресивен дук и никогаш немал намера да предизвика насилство.
„Богдан Илиевски ми е пријател од Охрид, но и не само тоа, туку тој е мое духовно чедо. ај Богдан се јави интимна потреба за лична исповед и го познавам многу длабоко. Цело време беше во истиот дух и убеденост, а сето тоа го правеше без паричен надомест и без намера за напредок во кариерата. – сведочеше отец Пимен. Сведокот го пофали Богдан Илиевски и за тоа како успевале на протестите „За заедничка Македонија“ да го смируваат народот, а и за тоа дека го собирале ѓубрето по завршување на протестите“, рече владиката кој своевремено и даваше поддрпка на „Парената револуција“.
Тој рече дека со Бетмен се запознал преку социјалните мрежи и се поврзале духовно и дека наредниот ден на 28 април овој му кажал дека треба да си го вратат угледот и дека намерата не им била да се влезе во Собранието.