10 Мај, 2024
0.0253

И покрај тоа што живееме во време на високи камати, на пазарот има кредити со атрактивни услови

Објавено во: Финансии 06 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Европската централна банка (ЕЦБ) на седницата на средината на декември донесе одлука за задржување на клучните каматни стапки на постојните нивоа. ЕЦБ практично во октомври за првпат по речиси две години перманентно зголемување на каматните стапки со цел да се намали галопирачката инфлација, ги задржа каматните стапки на исто ниво. Европските монетарни власти и натаму се претпазливи во прогнозите за натамошно движење на каматните стапки, што ќе зависи од економските показатели во Еврозоната, но и од вкупните геополитички движења во светот.

Чекорите на ЕЦБ ги следи и нашата Народна банка, со оглед на врзаноста на денарот за еврото, така што во декември и нашата централна банка донесе одлука за задржување на основната каматна стапка на нивото од 6,3 проценти. Според објавените податоци од Банката, на крајот на декември минатата година вкупните кредити имале просечна каматна стапка од 5,47 отсто.

Иако основаната каматна стапка на НБРМ е репер за деловните банки за висината на каматите на нивните производи, сепак, тие самостојно одлучуваат за висината на каматните стапки, согласно нивната деловна политика, проекциите  и целите кои треба да се постигнат. Оттаму и покрај тоа што живееме во време на високи камати, на пазарот има и производи што се со далеку пониска камата од основната каматна стапка на НБРМ, но и од просечната каматна стапка на ниво на банкарскиот сектор.

Таков производ е на пример ПРОМО потрошувачкиот кредит од Халкбанк кој што е со фиксна каматна стапка што изнесува 5,4 отсто за период од 10 години. Редовно вработени можат да аплицираат за кредит до 25.000 евра, а пензионерите до 10.000 евра, а максималниот рок за отплата е 120 месеци. Производот е без провизија за обработка или при предвремена отплата. Обезбедувањето на кредитот е со полиса за животно осигурување издадена од Триглав осигурување-Живот, односно со задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување, која изнесува 1000 денари годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот. Потрошувачкиот кредит стандардно е најбаран кредитен производ бидејќи граѓаните со него можат да реализираат најразлични цели и потреби.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди