05 Мај, 2024
0.0242

И Русија и Бразил влегуваат во Азиската банка

Објавено во: Економија 30 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Русија ќе и се придружи на Азиската банка за инфраструктурни инвестиции, како и Бразил, кој го прифатил повикот на Кина да се вклучи во оваа нова меѓународна банка, пандан на ММФ. Експертите во Азиската банка (AIIB) гледаат потенцијален конкурент во ММФ и Светската банка. На свечената церемонија на Азиско-економскиот форум во Боао (провинцијата Ханан, Кина) првиот претседател на Русија Игор Шувалов ја објави одлуката на шефот на државата.

„Би сакал да ве информирам дека претседателот Владимир Путин одлучил Русија да учествува во капиталот на Азиската банка за инфраструктурни инвестиции“, изјавил тој.

Шувалов истакна дека учеството на Русија ќе помогне да се зајаке соработката со партнерите, не само во испораката на нафта и гас, туку и „во сферата на високите технологии, сообраќај, индустрија, градежништво, комуникации и земјоделство“.

Среќни сме поради можноста посилно да соработуваме во форматот на Кина - Евроазискиот сојуз и во рамки на широка регионална соработка. Потенцијалот е навистина огромен, рекол Шувалов.

Истовремено, Бразил го прифати повикот на Кина да и се придружи на меѓународната банка за инфраструктурно финансирање во која таа вложила значајни основачки средства, како член основач.

„Бразил е многу заинтересиран да биде дел од оваа иницијатива чија цел е да се гарантира финансирањето на инфраструктурните цели во Азија“, соопштила претседателската канцеларија.

Новата банка, основана неодамна, ја одразува и желбата на Кина да поттикне инвестицирање во регионот на Азија и нејзината фрустрираност од доминацијата на САД, Јапонија и Европската унија во Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Азиската развојна банка.

Азиската банка ја поддржаа и некои западни земји како Велика Британија, Франција, Германија, но и Нов Зеланд, додека САД ги критикуваа своите сојузници поради поддршката за новата банка. Сепак, директорката на ММФ Кристин Легард изјави дека таа институиција „со воодушевување“ ќе соработува со Азиската банка.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?