19 Мај, 2024
0.0272

И шпанската банка CaixaBank го сели своето седиште од Каталонија

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Шпанската банка CaixaBank го преселува своето седиште од Каталонија во Валенсија, објавија агенциите АФП и Ројтерс.

CaixaBank е трета најголема банка за активи во Шпанија.

Веста беше потврдена од финансиската институција која наведува дека донела одлука "во светлината на тековната политичка и социјална ситуација во Каталонија".

Неколку компании со седиште во Каталонија веќе одлучија да ја напуштат областа што се подготвува да прогласи независност.

Меѓу нив е пример шпанската енергетска компанија Gas Natural која одлучила да се пресели од правната адреса од Барселона во Мадрид, информира извор, цитиран од агенциите.

Шпанската влада денеска донесе декрет со кој им се олеснува на компаниите да ја сменат правната адреса.

Мерката е поврзана со ситуацијата во Каталонија и ќе им овозможи на компаниите со седиште во регионот да ја пренесат правната адреса во друг ентитет на земјата, без да е потребно да свикуваат вонредно собрание на акционерите.

Шпанските власти одлучија да го прифатат указот, откако голем број на компании изразија желба да ја променат адресата поради нестабилноста во Каталонија. Вчера една од најголемите банки во земјата - Sabadell, ја пренесе правната адреса од Каталонија во градот Аликанте, автономна област Валенсија.

Мерката нема да има директни последици за работните места или средствата на компаниите, но се оценува како удар против каталонските власти.

За независност на Каталонија се изјасниле 90,18% од гласачите на референдумот на 1 октомври, пренесоа уште светските агенции. Тие се осврнаа на конечните резултати од пописот објавен денеска од страна на владата на Шпанската автономна заедница.

Можеби ќе ве интересира

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела