26 Април, 2024
0.0277

И Сојузот на стопански комори не сака да плаќа тестови за работниците

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

По Стопанската комора на Северна Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија, денеска со идентичен став се огласи и Сојузот на стопански комори на Македонија дека нема намера да ги плаќа тестирањата на работниците, според предлог-мерките кои ги најави министерот за здравство Венко Филипче.

„Сузбивање на пандемијата и намалување на несаканите ефекти врз економијата е единствено возможно доколку се носат одржливи мерки кои ќе даваат вистински резултати, а не да се избираат преодни решенија од кои нема ефект. Со префрлање на одговорноста на друго место и со поставување на ултиматуми за кои нема правен механизам за спроведување сите се ставаат во неповолна состојба.

Со најавената задолжителна вакцинација во приватниот сектор се добива впечаток дека проблемот се префрла од Министерството за здравство кон деловните субјекти. Во услови кога не е спроведена целосна вакцинација на медицинскиот персонал, потребна е сериозна кампања на Министерството за здравство преку која ќе се споделат релевантни информации за вакцините и ќе им овозможи на луѓето секој индивидуално да донесе одлука базирана на факти.

Целосно е неприфатливо товарот за задолжително тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат да падне на претпријатијата, бидејќи тие и така се наоѓаат во лоша финансиска состојба со сериозно намалена ликвидност, бидејќи голем дел од обврската за да се задржат вработените и да се одржи деловната активност во услови на криза е токму на работодавачите“, се вели во реакцијата.

Од таму додаваат дека ваквото наметнување на нов трошок за ПЦР тестови само ќе придонесе за згаснување на претпријатијата и продукција на зголемен број на невработени лица кои ќе паднат на товар на државата во услови на инфлација, раст на цените на сите суровини и репроматеријали и стотици парафискални давачки.

„Проблемот е нагласен поради тоа што не се работи за еднократен трошок, за да би можеле деловните субјекти да калкулираат во своите пресметки, како што се на пример редовните систематски прегледи за вработените, туку се работи за константно повторување на секои 72 часа, што е тотално несправедливо.

Ја повикуваме Владата наместо донесување на мерки со кои ќе се продлабочи кризата, во наредниот период да се посвети на креирање и имплементација на политики кои ќе донесат заздравување на економијата, преку нови, навремени, континуирани и насочени мерки, донесени во консултација со приватниот сектор. Сојуз на стопански комори, како и досега, изразува подготвеност со свои експерти да придонесе во предлагање и креирање на истите“, пишува во соопштението на комората.


Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9