02 Мај, 2024
0.1924

И тргна ли на ЦКБ Банка?

Објавено во: Економија 21 Август, 2018

Добивај вести на Viber


За половина година банката има добивка над 65.000 евра и тоа е неспоредливо подобар резултат од лани. Банката бележи зголемување на приходите од камати, а расте и депозитната база

„ЦКБ Банка“, во острата и немилосрдна конкуренција на средно-мали банки, има солиден и охрабрувачки финансиски резултат. За половина година книжи добивка од 65.800 евра, а тоа е неспоредливо подобар резултат во споредба со лани кога имаше загуба од 70.000 евра за истиот период, покажуваат официјалните податоци од билансите што ги објави банката.

ЦКБ Банка во првата половина годинава бележи раст на нето приходите од камати, раст на депозитната база и раст на кредитирањето. Клучен фактор што влијаеше на поитивниот биланс за првото полугодие е тоа што банката годинава нема загуба заради оштетување нефинансиски средства.

Како работела ЦКБ Банка во првата половина годинава?

За шест месеци банката инкасирала 2 милиони евра нето приходи од камати и тие во однос на истиот период лани пораснале за 115.000 евра. Истовремено со нето приходите од камати пораснале и приходите од камати за безмалку 200.000 евра. Тие за првите шест месеци надминаа 3 милиони евра. Кај нето приходот од провизии банката книжи намалување во споредба со лани за 42.000 евра до износ од 715.800 евра. Останатите приходи од дејноста се на ниво од околу 125.000 евра што е речиси идентично како и лани. Резервациите за кредитните пласмани пораснале во однос на лани за околу 40.000 евра до износ од 173.500 евра. Клучната разлика во споредба со лани е тоа што банката нема загуби заради оштетување нефинансиски средства. Тие лани биле околу 170.000 евра. За своите вработени банката до крај на јуни потрошила 1,226 милиони евра и тоа е за околу 50.000 евра повеќе од платеното лани.

Од билансот на состојба се гледа дека на крај на јуни банката има депозитна база од 122,9 милиони евра и тука бележи раст за 7,8 милиони евра во однос на крајот на 2017 година што значи дека банката ја подобрува својата пазарна позиција.

Како беше лани?

Оваа банка лани ги зголемила нето приходите од камати  за околу 80.000 евра до износ од 3,85 милиони евра. Нето приходите од провизии и надоместоци лани се 1,5 милиони евра. Значајно да се истакне е тоа што лани резервациите на крај на година биле три пати пониски од резервациите во 2016 година. Но истовремено загубата поради оштетување на нефинансиски средства лани на крај на декември била речиси тројно повисока од 2016 година. Лани годината банката ја завршила со загуба од 82.600 евра.

Охрабрувачки за акционерите на ЦКБ е тоа што македонската банка го зголеми лани кредитирањето за 10 милиони евра до износ од 94,5 милиони евра на крајот на 2017 година. Нивото на депозити лани пораснало за 11,5 милиони евра до ниво од 115 милиони евра. Од достапните податоци се гледа дека во фокус на кредитирање на ЦКБ банка лани биле домаќинствата каде растот на кредитирањето е 9,5 милиони евра и од тоа растот на потрошувачките кредити е околу 7 милиони евра, а останатото е зголемување на пласманите во станбени кредити за физички лица.

Најголем акционер на оваа банка е софиската Централна кооперативна банка која контролира над 85 отсто од акциите и таа пред повеќе години ја купи „Силекс банка“.

Во претходниот текст, заради технички пропуст, во текст за ЦКБ Банка беа објавени податоци за акционерска структура и за биланси кои се однесуваат на друга банка. Се извинуваме заради ненамерната грешка која е од техничка природа.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија