И викендов фрекентно на македонскиот премин „Богородица“
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2014
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
Од АМСМ соопштуваат дека и овој викенд интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица патничките возила за излез од државата се задржуваат околу 30 минути. На останатите гранични премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Според информација од Министерството за транспорт и врски ве потсетуваме дека се воведе времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. - Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. - Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.