И во „Македонска пошта“ некој ќе ги служи со евтино кафе, чај и сок
Објавено во: Економија 19 Септември, 2018
По тренбдот на останатите јавни органи, претпријатија и други установи, и дирекцијата на „Македонска пошта“ е на пат да биде служена со евтино кафе, чај и сок со доделување на просторија за бифе под поволни услови за закуп и паушал за сметки.
АД „Македонска пошта“ објави оглас за закупна просторија на приземје во рамки на самиот управен објект на бул.Орце Николов во скопје, а како главен услов за добивање на просторот се истакнатите „максимални“ цени на ценовникот во менито.