И ЗА ОВА НАПЛАЌААТ НА ХРВАТСКА ПЛАЖА: Во ценовникот стои „место за пешкир“
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2024
Хрватите во ценовникот ставиле и „место за пешкир“ на плажа.
Една плажа во Хрватска, поточно бар на плажа во Водице, шокираше со објавата дека наплаќа дури и места за пешкири на плажа.
Оваа информација се појави на фејсбук групата Апартмани ВОДИЦЕ- ТРИБУЊ-СРИМА, каде револтирани граѓани реагираа на необичен ценовник, на кој меѓу другото пишува дека за „место за пешкир“ на плажа се наплаќа 4 евра.
Ако луѓето сакаат нешто поудобно, како што се лежалки или балдахини, тогаш цената е 10 или дури 43 евра.
Порталот Morski.hr стапил во контакт со оваа плажа, а одговорот што го добиле бил дека не е плажа туку приватен имот на 10 метри над самата плажа и дека како сопственици и концесионери таму може „да наплаќаат и воздух ако сакаат“.
фото: Фејсбук* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.