Иако почнува да доминира, Макрон е исправен пред голем предизвик
Објавено во: Свет 06 Декември, 2019
Штрајкот кој ја погоди Франција може да предизвика штети и на глобално ниво.
Франускиот претседател Емануел Макрон беше во центарот на вниманието поради самитот на НАТО во Лондон.
Таму тој на прес-конференција имаше судир со американскиот колега, Доналд Трамп.
Неколку часа претходно, САД најави воведување на даноци за сите француски производи, откако Франција најави дигитални такси, кои ќе ги погодат американските гиганти.
Ако штрајкот во Франција заврши успешно, тоа ќе го урне лидерството на Макрон на меѓународно ниво.
Социологот Мишел Вјевјорка вели дека ако штрајкот на синдикатите заврши неуспешно, тогаш Макрон ќе има поголем углед.
Макрон сакал да биде претседател кој нема да биде ниту левичар, ниту десничар, но го викаат претседател на „богатите“.