ИАКО СЕ БРОЈ ЕДЕН ВО СВЕТОТ: Им даваат субвенции на граѓаните да летуваат дома
Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018
Оваа година очекуваат 90 милиони туристи, или за 3 милиони повеќе од лани.
Се проценува дека 60% од Французите одмораат во својата земја. Но, овој податок е резултат не само на љубовта кон сопствената земја, туку и на субвенциите кои се нудат за летување дома.
Еден од четири Французи добива субвенции за да летува во својата земја.
Субвенции има за дел од патувањето, односно за патните трошоци, за храна, пијалоци, сместување, посета на музеи.
Но, поволните цени во Медитеранот ги мамат Французите да патуваат надвор од земјата.