ИД подготвува напади во неколку земји - кој ќе биде на удар?
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2016
Терористичката група „Исламска држава“ има намера да изврши серија напади во голем број европски држави.
Ова го пишува весникот „Тајмс", повикувајќи се на информации на американскиот генерал Руперт Џонс добиени од западната коалиција при повлекувањето на џихадисти од сирискиот град Манбиџ.
Џонс е убеден дека ќе има уште многу податоци за плановите на ИД, откако ќе биде освоен ирачкиот бастион Мосул, кој меѓународната коалиција планира да го заземе до пролет.
Истовремено шпанската полиција уапси четири лица под сомневање дека имаат врски со трафикантска мрежа и дека биле користени од ИД да носат борци во Европа, вклучувајќи ги и вмешаните во минатогодишните напади во Париз. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи во Мадрид, цитирано од американските медиуми.
Четворицата имале врска со сирискиот бегалски пат кој се смета дека бил користен од ИД за да стигнат париските бомбаши во Европа од грчкиот остров Лерос во октомври 2015 година.
Двајца се уапсени во градови во северозападна Шпанија и двајца во југоисточниот град Алмерија.