Иднината на авио превозот е во ултра брзи суперсонични авиони
Објавено во: Економија 21 Јуни, 2017
Иако Конкорд до 2003-та имаше трансатлантска линија со суперсоничен авион целата авио индустрија не се промени преку ноќ и натаму на долги релации се користат џамбо џет авиони со огромен капацитет за патници, простор за луксуз и економска класа како и голема стабилност. Сепак, Boom Technology од САД, најавува дека до 2023-та голем број на летови од САД до Азија и до Европа ќе се изведуваат токму со нивниот суперсоничен авион XB-1 Supersonic Demonstrator за кој веќе се вршат интезивни тестови.
Се очекува времето на патување на дестинации како Лондон-Њујорк да се преполови, па за таа брзина во бизнис класата би се плаќала карта и до 5000 долари. Засега Virgin има извршено најголема нарачка на авиони од Boom Technology, а директорот Блејк Скол тврди дека голем број на авиокомпании прават резервации за суперсоничните авиони кои се иднината на авио превозот.
Скол посочува дека авионот XB-1 Supersonic Demonstrator е базиран на сосема нова и напредна аеродинамика, има поголема стабилност и брзина, поквалитетни материјали и токму тоа ќе биде главната вредност со која авио превозниците во наредните години ќе ги привлекуваат своите корисници бидејќи одамна не им понудиле нешто ново и возбудливо.