Или Западот ќе се бори за Балканот или ќе го „проголтаат“ Руси и екстремисти
Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2017
Западот мора да се бори за овој клучен регион, или ризикува да го изгуби од Кремљ и радикалните исламисти, пишува во својата анализа „Amerikan interest".
Се наведува дека интервенцијата на НАТО во Босна била успех, дека Милошевиќ е поразен, Косово е независно, а три земји од Балканот се членки на НАТО.
Сепак, и по две децении од Охридскиот договор, има меѓуетнички тензии и незадоволство од демократијата.
Се вели дека поради вербата во демократска иднина на Западен Балкан, економскиот, институционалниот и политичкиот развој е препуштен на Европската Унија.
Меѓутоа, се наведува во анализата дека ЕУ не ја завршила својата работа.
По Словенија и Хрватска, ЕУ го изгубила апетитот за проширување.
Во анализата пишува дека се оставени Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија да чекаат на прагот.
Според „Amerikan interest", овие сиромашни држави се оставени на периферија, а вакуумот го потполнуваат други држави.
За Русија вели дека Балканот го користи како тампон и дека се покажала како заштитник на православното население.
Се вели дека Русија преку воена помош дополнително ја зголемила својата моќ.
Се смета дека дестабилизацијата на Балканот може да биде проблем за Европа.