29 Април, 2024
0.0292

ИЛИЈА ДИМОВСКИ ЗА ЈАВНАТА ПРЕПИРКА МЕЃУ ПЕНДАРОВСКИ И ФИЛИПЧЕ - Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки

Објавено во: Македонија 31 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен пратеник од таа партија, излезе со реакција до претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче, по нивната вчерашна препирка на јавна сцена за тоа кој е виновен и кој повеќе се ангажирал за набавка на вакцините.
„Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки! Префрлање на одговорноста од Пендаровски на Филипче, и обратно, е доказ дека и тие знаат дека има одговорност за здравствената криза... Ова е само игра кој како да се провлече од таа одговорност и да го насамари другиот...“, пишува Илија Димовски на својот фејсбук профил.

Натаму, како што додава, заедно прогласуваа вонредна состојба..., заедно прогласуваа кризна состојба..., заедно ни кажуваат дали треба или не треба мерки и какви..., заедно (пред неколку месеци) велеа дека донеле заклучоци за вклопување и на приватното здравство во борбата..., заедно одеа во кампањи и се фалеа меѓу себе дека се потенцијал и капацитет...

„П.С. Срамот не е за државата, срамот не е за граѓаните, срамот е за неспособната власт...

П.П.С. Следниот пат кога ќе одржувате Совет за безбедност имајте на ум дека тоа не е ниту дебатен клуб, ниту чајџилница, па да си разменувате впечатоци...“, реагира остро Димовски на својот фејсбук профил.

Како што е познато, вчера по одржувањето на Советот за безбедност, шефот на државата рече дека иако има голема благодарност до Србија, тој се срамел од колоните возила со македонски граѓани кои одеа да се вакцинираат во Србија.

Потоа реагираше Филипче.

„Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана“, напиша Филипче. 

Експресно брзо возврати Пендаровски. 

„Претседателот Стево Пендаровски во целост се согласува со изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани.

Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, претседателот Пендаровски е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година се направени преку Кабинетот на претседателот и од тогаш до денес претседателот Пендаровски е активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство“, напиша Пендаровски во својот допис како реакција на ставот на Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево