09 Октомври, 2024
0.0870

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ БЕЗ ПЛАТА: Што ќе се случи со еден од најубавите острови?

Објавено во: Стил 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Oстровoт Боракај на Филипини ќе биде затворен за туристи во наредните шест месеци поради загриженост за оштетување на некогаш недопреното крајбрежје.

Ова ќе има финансиски импликации кои за луѓето кои живеат од туризам. 

Портпаролот на претседателот Родриго Дутерте изјави дека затворањето ќе почне 26 април, пренесува БиБиСи.

Дутерте на почетокот на годината изјави дека овој остров, познат по белиот песок,  милионите туристи секоја година го претвораат во „септичка јама“.

Тој во февруари ги осуди островските хотели, ресторани и другите туристички објекти поради испуштање на канализација директно во морето.

Како што се наведува, таа одлука предизвика загриженост на илјадниците луѓе кои живеат од туризам.

На островот постојат околу 500 фирми кои се во тесна врска со туризмот, а филипинската влада кажа дека ќе добијат финансиска помош.

Засега не е познато како ќе се реализира затворањето, иако секретаријатот за трговија и индустрија предложи затворање во неколку фази.

Потегот на владата уследи низата загрижувачки реакции за животната средина на островот, пред се поради тоа што локалните работници ја испитуваат отпадната вода и водите во островот. 

Тропскиот остров Боракај е дел од Филипинскиот архипелаг, а се наоѓа околу 315 км јужно од Манила, северозападно од остров Панај. Туристите секоја година се упатуваат кон овој рај за да се насладуваат на прекрасните залези, белите песочни плажи и кристалните води.