ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила
Објавено во: Економија 15 Април, 2024
Американскиот производител на електрични возила (ЕВ) Тесла ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата глобална работна сила, се вели во интерен меморандум на компанијата што наводно го виделе новинари на Ројтерс.
„Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект на компанијата за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“, напишал извршниот директор на Tesla, Илон Маск во меморандумот.
Тој истакна дека по анализата на трошоците, Tesla донела „тешка одлука“ да го намали бројот на своите работници ширум светот за повеќе од 10 проценти, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Компанијата имаше 140.473 работници ширум светот во декември 2023 година, па се претпоставува дека повеќе од 14.000 луѓе ќе останат без работа, иако точниот број не беше наведен во дописот.