ИМ ФАЛАТ ЛУЃЕ: Плаќаат по 10.000 долари за да се преселите
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2019
Американската држава Вермонт од 1 јануари годинава плаќа на луѓе кои сакаат да се доселат кај нив.
Им нудат по 10.000 долари во рок од две години, за луѓето кои сакаат да патуваат надвор од Вермонт, односно да работат на далечина.
„Имаме демографски проблем во државата. Потребни ни се повеќе луѓе“, вели гувернерот Фил Скот.
42,7 години е просечната возраст на населението, а Вермонт има 600.000 жители.
За оваа програма се издвоени 500.000 долари, а оние кои први ќе аплицираат, имаат поголеми шанси да добијат пари.