26 Април, 2024
0.0268

Им треба за да се иселат: Колку граѓани извадиле уверенија дека не и должат на државата

Објавено во: Економија 10 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе од половина милион граѓани во последните пет години доставиле до Управата за јавни приходи (УЈП) барања да им се издаде документ дека не и должат на државата за даноци и за придонеси. Бројот на граѓани кои барале вакво уверение се намалува по години, или ако во 2014 година таков докуемент барале 148.204 луѓе, лани барање доставиле 62.643 лица. Бројките нема да се толку интересни ако не се знаат причините зошто се вади овој документ. Фактор ги доби податоците, но од Управата за јани приходи не потенцираа на колку луѓе за што им било потребно уверениети. Сепак, тоа е „јавна тајна“. Најголем дел од барателите сакаат да го имаат овој документ оти тој им е потребен кога вадат виза. Дел од барателите за Фактор велат дека кога биле тие повеќето од луѓето го ваделе уверението за таа цел.Тие се тие кои во последниот период си заминаа од државата.

Од Управата за јавни приходи велат дека Уверението за платени даноци и придонеси за физички лица се вади по повеќе основи и тоа за отпуст на државјанство, за добивање виза за патување, за заверка на купопродажен договор, за регулирање на стаж (земјоделци,самостојни вршители на дејност), но и за пред банка, за пред суд, за земјоделски кредит и други кредити, за промена на презиме.

Сепак за сите останати намени, уверенијата речиси и да не се ваделе. 

Табелата покажува дека освен уверенија за платени даноци и придонеси, УЈП издава и заклучоци постапката да запре но има и одбиени барања.



Број на граѓани

Примени барања во УЈП

Издадени Уверенија за платени даноци и придонеси

Заклучоци за запирање на постапка

Одбивање

на барањето

ВКУПНО

(3+4+5)

Потврдиза статус на ДО и дан. обврски

1

2

3

4

5

6

7

2018

62,643

61,631

47

28

61,706

702

2017

86,360

86,135

59

18

86,212

202

2016

113,656

113,299

85

43

113,427

309

2015

101,665

101,848

96

13

101,957

101

2014

148,204

147,940

57

35

148,032

140

Извор на податоци: Годишни извештаи

A.T.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9