09 Октомври, 2024
0.1827

ИМА 112 ГОДИНИ: Тој е најстариот човек на светот

Објавено во: Стил 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Масазо Нонака oд Јапонија денеска доби сертификат кој потврдува дека тој е најстариот човек на светот, со своите 112 години и 259 дена.

Тој е роден на 25 јули 1905 година и пораснал во големо семејство, кое е сопственик на спа центар, со кого сега управува неговата внука.

Нонака доби сертификат од здружението на Гинисовите светски рекорди, кој го прими во својот дом во Ашор, на север од јапонскиот остров Хокаидо.

Тој ги надживеа својата сопруга и две од нивните пет деца.

Од Гинис велат дека Нонака и официјално е најстариот човек на светот, откако годинава почина Франсиск Оливер од Шпанија, кој живееше 113 години.