ИМА И ОБРАТНИ СЛУЧАИ: Странци дошле да работат на Балканот
Објавено во: Економија 21 Август, 2018
Додека се пишува како работници од Балканот одат надвор, има и обратни случаи, а за тоа пример се Американец и Јапонец кои дошле да работат во ресторан во хрватскиот град, Сплит, пишуваат тамошните медиуми.
Мат Мојерс од Калифорнија, кој има 25 години планирал да се задржи неколку месеци, но останал подолго.
Дошол пред две години, а сега студира хрватски јазик и работи.
Тој е дел од четврта генерација хрватски иселеници во Америка, и сакал да ги истражи своите корени.
Му се допаѓа животот во Сплит, и вели дека добро е тоа што основните човекови вредности не се изгубени.
Но, вели дека иако хрватските власти ветуваат дека ќе ги вратат младите назад, тој поднел документи за државјанство, но одговор нема и смета дека на службите не им се брза.