04 Мај, 2024
0.0249

Има се, може се! Која државна фирма ќе плати до милион евра за ладење, греење, осветлување...?

Објавено во: Економија 06 Април, 2023

Добивај вести на Viber

МЕПСО е услужна компанија која вработува околу 700 лица од кои најголем дел се вработени во нејзината дирекција и во помал дел во петнаесетина трафостаници ширум земјава. Најголем дел од потрошената струја е потребна за климатизација односно греење и ладење. Договорот вреди 1 милион евра од почеток на април до крај на декември годинава.
Истовремено и најголемиот медицински центар во источна Македонија - клиничката болница во Штип склучува договор за снабдување со струја. Оваа здравствена установа која треба да даде медицински услуги за 200.000 жители на Источна Македонија за една година ќе потроши помалку пари за струа за своите потреби 

Државната компанија која управува со електропреносниот систем и ја одржува високонапонската мрежа МЕПСО ќе купува струја за 1 милион евра која е наменета за задоволување на сопствените потреби за електрична енергија.

Договорот за набавка на струја за сопствена потрошувачка предвидува МЕПСО во период од почеток на април па до крај на септември годинава да потроши до 1 милион евра (со вклучен ДДВ). Струјата ќе ја набави од ЕСМ Продажба фирмата ќерка на државниот брат (со струја) ЕСМ.

За сите набавени количини на струја МЕПСО ќе плаќа берзанска цена постигната на унгарската берза ХУПЕКС (месечна просечна цена за мегаватчас постигната на таа берза). За својата услуга ЕСМ Продажба ќе наплати трговска маржа од 5 отсто на фактурираната цена на струјата.

МЕПСО е државна фирма која има дирекција во центарот на Скопје и располага со петнаесетина трафостаници ширум државата во кои има свои вработени лица. Вкупниот број на вработени во МЕПСО е околу 700 лица, а повеќе од половина од нив се во зградата Дирекција во центарот на Скопје. Другите вработени се технички персонал (електромонтери, вклопничари, погонски електричари и помошен персонал распореден на работни места во трансформаторските станици со кои управува МЕПСО).

Со оглед на тоа дека МЕПСО е услужна, а не е производствена компанија значаен дел од потрошената електрична енергија е наменета за греење и за ладење (климатизација) на канцелариите пред се на дирекцијата на таа државна компанија. Повеќе детали за таа набавка има на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/bb2be07a-28b0-4c3d-a450-3b9593e450fc

Верувале или не МЕПСО троши повеќе струја од Штипската клиничка болница!

Истовремено со тендерот за струја на МЕПСО е објавена и набавката за потребите на штипската клиничка болница – најголем здравствен комплекс кој треба да ги задоволува потребите на повеќе од 200.000 жители во Источниот регион на Македонија.

За идните 12 месеци оваа најголема здравствена установа за снабдување со електрична енергија на сите клиники ќе плати на тендер до 863.500 евра со вклучен ДДВ. Набавувач е истата државна компанија ЕСМ Продажба, фирма ќерка на ЕСМ. Цените за струја ќе ги наплаќа по истата методологија како и на МЕПСО односно просечната месечна пазарна цена за мегаватчас струја постигната на унгарската берза ХУПЕКС зголемена за маржа од 5%.

Тендерот е на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/fe77eea7-42c2-4279-8381-114e7c0e3161

Р.Ф.

foto freepik.com/bushalex

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?