Има уште три дена од пописот: Ќе има ли во Македонија барем 1,8 милиони жители?
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2021
Државниот завод за статистика претпладнево ги објави новите бројки од пописот на населението. Според резултатите обработени до 20.00 часот синоќа на 27 септември, се попишале 1.695.549 граѓани. Бројот на домаќинства е 526.605 и 752.916 станови.
Самопопишани граѓани од дијаспората до денеска наутро во 7.30 часот има попишани 199.819 иселеници.
Официјално до вчера, односно еден ден претходно, во статистиката влегоа вкупно 1.619.857 лица, а од дијаспората тој број изнесува 198.589 граѓани.
Пописот ќе трае уште денес, утре и задутре, односно ќе заврши на 30 септември.