Имаме близу 10.000 заболени во моментов: Скопје, Струмица и Тетово со најмногу активни
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2020
Македонија ја зафати есенкиот бран и сведоци сме на сдериозно зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус. Од почетокот на епидемијата досега вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 31.572. Во целиот период починале 994 лица, а бројот на активни случаи изнесува 9.847, најмногу до сега. Оздравеле 20.731.
По градови најмногу активни случаи има во Скопје или 4584 лица. Во Струмица активни се 553, во Тетово 547, а во Прилеп 494, во Куманово активни се 439.
Министерството за здравство информираше вчера дека во последните 24 часа се направени 3. 294 тестирања, а регистрирани се 1.085 нови случаи на ковид-19.
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.