Имер Селмани: Референдум против претседателот Иванов кој се однесува како сопственик на Македонија
Објавено во: Македонија 05 Април, 2017 10:42
Поранешниот политичар, Имер Селмани, смета дека ниту зголемен меѓународен притисок, па ниту некакви санкции ќе можат да го разубедат претседателот Иванов да ја смени неговата одлука за мандатот, јавува телевизија „Алсат М“.
- Господинот Иванов се однесува како сопственик на Македонија, а не како претседател на земјата. Ги суспендира сите уставни членови кои му даваат обврски и задачи како претседател и се однесува како диктатор кој си дава право себеси кому да му даде власт, а кому не за формирање на новата влада.
Тој го суспендираше Уставот и основното начело на демократијата со фактот што не го даде мандатот на новото парламентарно мнозинство кое има 67 потписи за формирање на нова влада и не очекувам јас или граѓаните дека ќе ги омекне ставовите, смета Селмани.
Во овој поглед кога не може да се постигнат две третини од гласовите во Собранието за да се покрене иницијатива за негово разрешување и да сноси одговорност пред Уставниот суд, мислам дека ситуацијата созреа граѓаните да се организираат со политичките партии на новото мнозинство и критичарите и за оваа ситуација која ја уништува земјата да собираат потписи и референдум за негово разрешување од позицијата претседател на државата, вели Селмани.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




