Добивај вести на Viber
Наместо 175, имотниот лист во хартиена форма ќе чини 180 денари. Во елетктронска форма, пак, за имотен лист ќе треба да се платат 150 денари, што претставува намалување за 25 денари од сегашната цена, предвидува новиот Тарифник за катастарските услуги.
За имотниот лист за инфраструктуни објекти во хартиена форма ќе се плаќа 226 денари, а за електронска верзија 194 денари.
„За документите што се добиваат во електронска форма намалувањето на цените е за 19,3 проценти, а кај цените во хартиена форма има просечно намалување на цените од 14,5 проценти. Кога податоците се во електронска форма, а барателот сака да се издадат во хартиена форма кај дел од производите покрај намалување има и благо зголемување“, вели директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
Увидот во податоците од геодетско-катастарскиот систем од 18 август ќе поевтини за 16,1 отсто, а 10,1 отсто помалку ќе чинат геодетските елаборати од приватните геодетски фирми.
За 10 проценти помалку ќе чини геодескиот елаборатот за легалзиација на дивоградба со површина од 50 до 100 квадратни метри, односно сегашната цена од 4.100 денари се намалува на 3.688 денари. За дивоградбите, пак, со површина од 100 до 300 квадратни метри има намалување на цената за 8 проценти и наместо 7.940 ќе се плаќа 7.333 денари.
Најдоцна до 18 овој месец, ќе почне примената на измените на Законот за катастар на недвижности со кои Катастарот ќе изготвува бесплатни елаборати за легализација на дивоградби за лицата корисници на социјална и постојана парична помош и за лица со ниски примања до 168.000 денари на годипшно ниво.