Имотот на СФРЈ ќе се продава на тендер, дел од колачот чека и Македонија
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2016
Имотот на поранешна Југославија, чија вредност пред 10 години била проценета на 42 милиони долари, ќе бидат продадени на меѓународни тендери.
Од вкупно 123 недвижности, земјите наследнички до сега поделиле 72, а нераспределени останале уште 51. Поголемиот дел од овие недвижнини ги користи Србија. Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора постигнаа договор за продажба на дипломатско-конзуларните имоти на поранешна СФРЈ кои се наоѓаат во Токио, Бон, Берн и Њујорк вклучувајќи го и шестособниот апартман на Менхетен. Секоја земја нема да добие иста сума. Србија се надева дека ќе и припадне третина, а слични побарувања има и Хрватска.
Наредниот состанок за продажба на недвижности треба да се одржи во март следната година во Белград.
Земјите наследнички на СФРЈ: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Сојузна Република Југославија (денеска Србија) на 29 јуни 2001 година во Виена го потпишаа Договорот за прашањата околу наследството на СФРЈ.