Индиски милијардер по примерот на Ли Џинуан ќе носи илјадници вработени на одмор во Европа
Објавено во: Свет 07 Јули, 2018
Индиски бизнисмен во текот на овој месец ќе престојува на одмор во Истанбул, каде со себе ќе поведе 3.500 свои вработени, за што ќе потроши над 10 милиони долари, но сепак нема да го достигне рекордот на Ли Џинуан, кој потроши 33 милиони долари за неговите вработени да го видат Париз пред три години.
Ли Џинуан со себе предводеше 6.400 работници на четири дневен одмор во Париз пред три години. Кинескиот милијардер е еден од најбогатите луѓе во Кина, и сопственик на компанијата „Tiens Group“, издвоил 33 милиони евра за да им овозможи одмор на неговите вработени. Тој резервирал 4760 соби во 79 хотели со четири и пет ѕвезди во Кан и Монако, и околу 146 автобуси.
Инаку, како што јавија турските медиуми, за организирање на еднонеделниот одмор на милијардерот и неговите вработени во Истанбул, се ангажирани Сојузот на турските туристички агенции (ТУРСАБ), како и службеници од Министерството за култура и туризам на Турција.
Најголемиот број од гостите потекнуваат од Индија, но има и околу 350 лица вработени во фирми на бизнисменот во 20 земји, а за нивно сместување се резервирани 10 луксузни хотели во Истанбул.
Медиумите не го наведуваат името на бизнисменот, но посочуваат дека тој се наоѓа на листата на „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот.