26 Април, 2024
0.0288

Инфицирани повеќе од 1 милион и 300.000 луѓе во светот, Франција на врвот по број на починати за 24 часа

Објавено во: Свет 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Светот денеска изутрина бори веќе 1.347.343 заразени со Ковид-19, од кој веќе починаа 74.769. На листата, Соединетите Американски Држави се први по број на инфицирани, таму веќе има 367.629. Најтешка е состојбата во Њујорк, бидејќи една третина од вкупниот број починати во САД 10.941, една третина се токму во Њујорк. Нема место каде да се погребаат мртвите. 

На европскиот континет, Шпанија и Италија се уште имаат најголем број заразени, а најмногу починати се во Италија, досега 16.523 луѓе. 

Ситуацијата станува посебно загрижувачка во Франција, каде за едно деноноќие починаа уште 833 пациенти, па вкупниот број на починати лица сега изнесува 8.911.

Од друга страна пак, Данска најавува постепена и внимателна нормализација на животот од 15 април. Премиерката, Мете Фредериксен, вели дека тоа ќе се случи само под услов граѓаните да продолжат да се однесуваат одговорно и дисциплинирано. Фредериксен изјави дека планот е од 15.април да бидат отворени градинките и основните училишта до 5 одделение, а тоа отвора можност, вработените родители постепено да се враќаат на работните места, пред се во приватниот сектор. Сепак, препораката на данската премиерка е да се работи од дома што е можно подолго, особено на работните места кои тоа го овозможуваат.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни