ИНФЛАЦИЈАТА РАСТЕ, СТОПАНСТВОТО СЛАБЕЕ: Како Турците се справуваат со овие проблеми?
Објавено во: Економија 13 Септември, 2018
За да ја скроти инфлацијата и да ја поддржи лирата која годинава се соочи со големи загуби, Турската централна банка значително ја подигна референтната каматна стапка од 17,75 на 24 отсто. Монетарниот одбор на Турската централна банка ја подигна стапката и покрај изјавите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во која се спротистави на зголемување на каматите.
Централната банка во соопштението наведува дека локалното стопанство слабее, а инфлацијата расте. Зголемувањето на каматната стапка би можело и понатаму да го ограничи растот, но независните аналитичари сметаат дека тој потег е неопходен за да се скроти инфлацијата од околу 18 отсто и да се поддржи домашната валута.
Турската лира почна да се опоравува набрзо после оваа објава на банката. Претходно во текот на денот, лирата падна за 3 отсто во однос на доларот.