Инфлуенсерка и мејкап артистка - Маја Миа пронајдена мртва во Африка
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2022
Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа Јанеска, по потекло од Охрид, била пронајдена мртва во Африка, јавуваат тамошните медиуми. Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.
Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја, иако има разни шпекулации во африканските медиуми. Сепак нејзината смрт засега е мистерија.
Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста во нашата земја откако фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.
На социјалните мрежи на кои Маја била доста активна нејзините пријатели и познаници изразуваат сочуство до семејството и се збогуваат со неа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм