29 Април, 2024
0.1460

Инфраструктурни проекти ќе се реализираат во 23 општини

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Одобрени се договорите за 23 општини за реализација на инфраструктурни проекти вредни 9,9 милиони евра. 

Тоа ќе биде во првата фаза од вкупно предвидените 99 вредни 35 милиони евра.  Ова е одлука од денешната 78-ма тематска седница на Владата. 

Дваесет и трите проекти за кои беа утврдени договорите на денешната седница се следните:

  • Во Општина Бутел предвидена е доизградба на детската градинка „Св.Климент Охридски“;
  • Во Општина Прилеп ќе се врши реконструкција на главниот довод на Пашовски ливади;
  • Во Општина Ново Село со предвидените средства ќе се гради канализационен систем во с.Сушица;
  • Во Општина Шуто Оризари, средствата се предвидени за изградба на атмосферска канализација;
  • Во Општина Крива Паланка, ќе се реконструира улицата Вршачка;
  • Во Општина Валандово поточно за с.Раброво предвидена е изградба на канализација и колекторски систем;
  • За Општина Струмица - Проект на регулација на Порој - Св. Илија;
  • Во Делчево - Предвидена е реконструкција на училишна фасада на ООУ „Ванчо Прке“,
  • Во Општина Ресен – Во населено место Сливница следи изградба на канализација;
  • Во Пробиштип – реконструкција на улица Даме Груев;
  • Во Карбинци - Регионален водоводен систем Голема Плачковица;
  • Во Липково – Водовод за селото Лојане;
  • За Тетово – изградба на патот Благоја Тоска;
  • Во Чаир се предвидува реконструкција на постоечка водоводна мрежа и реконструкција на постоечка канализација и фекални води;
  • За Сарај, реконструкција на патот Буковиќ – Раовиќ;
  • Во Општина Росоман, рехабилитација и санација на главен цевковод за водоснабдување на с. Крушевица;
  • Во Босилово, изградба на водоводна мрежа во населено место Гечерлија;
  • Во Карпош, партерно уредување-реконструкција на пешачка зона-платформа на станбено-деловен комплекс - Порта Влае;
  • Во Старо Нагоричане, изградба на патен правец до с. Драгоманце;
  • Во Неготино, изградба на улици во село Тимјаник; и
  • За општините Зелениково, Теарце и Боговиње предвидени се средства за изградба на комунална инфраструктура.

„Поточно, средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти“, информираат од Владата. 

Ова се само дел од средствата и проектите обезбедени со одлука на Влада за прераспределба на парите од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип, а сега со нив ќе се финансираат проекти низ општините во целата држава и ќе се прошират капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид.

Предвидено е севкупно, 75 општини да реализираат 99 инфраструктурни проекти, за што се издвоени 35 милиони евра. Тоа се инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење за граѓаните. 

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени