28 Април, 2024
0.0276

Иницијaтива на ФИТР и Македонската банкарска асоцијација за креирање на можности за дополнителна финансиска поддршка на домашните компании

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Фонд за иновации и технолошки развој ги презентираше инструментите за финансиска поддршка на домашните компании пред членките на Македонската банкарска асоцијација во која членуват сите деловни банки и штедилници. Целта на ФИТР е поттикнување на банкарскиот сектор за поактивно вклучување во ко-финансирање на програмите за иновации и технолошки развој.

Пред директорите  и членови на управни одбори на сите банки во земјава, им беа презентирани и резултатите од досегашното работење на Фондот преку анализата на спроведувањето на проектите и ефектите за домашната економија. На средбата беше дискутирано и како можностите за кредитирање од страна на банките да станат подостапни не само за корисниците на ФИТР туку и за компаниите чии предлог проекти поради ограничените финансиски ресурси на Фондот не се одобрени за финансирање, а имаат потенцијал.

“Сакаме да ги видиме банките како наши партнери во поддршка на растот на македонската економија,“ изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски по средбата.

Претставниците на банките позитивно ја оценуваат работата на ФИТР и изразија подготвеност дека ќе ги разгледаат сите можности за финансирање, како и да се воспостави пракса за размена на информации помеѓу ФИТР и МБА за успешна реализација на овие иницијативи.

Портфолиото на ФИТР во последниве две години бележи  седмоструко зголемување во однос на бројот на  корисници од периодот 2014 – 2017 и сега брои 250 микро, мали, средни и големи домашни компании. Овие компании реализираат инвестиции во износ од околу 40 милиони евра, од кои 23 милиони се обезбедени како ко-финансирање од Владата и Светската банка. Покрај своите инструменти, поради сѐ поголемиот интерес и бројот на квалитетни проекти, ФИТР постојано работи на изнаоѓање на дополнителен извор за финансиска поддршка на домашните компании.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг