03 Мај, 2024
0.2747

Инспекцискиот совет не добил пари за амбициозниот Закон за инспекциски надзор

Објавено во: Економија 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Инспекцискиот совет за 2020 побарал дополнителни средства од Буџетот за спроведување на амбициозно најавениот нов Закон за инспекциски надзор, но истите не му биле одобрени иако сите свои ресурси оваа година треба да ги насочи кон негово имплементирање.

Биле побарани 8.224.748 денари за спроведувањето на новите законски обврски кои произлегуваат согласно новиот закон. Сепак функционалноста е доведена во прашање, бидејќи биле одобрени пари само за нормалното тековно работење на Инспекцискиот совет, кој ја контролира и оценува работата на безмалку триесетина инспекторати и агенции, дирекции, сектори и управи кои имаат инспекциски надлежности. 

На советот му биле одобрени само 21,5 милиони денари, односно два милиони помалку во однос на претходната година, иако во меѓувреме стапи во сила новиот закон кој треба ефикасно и транспарентно да ја контролира работата на инспекторите. За нормално основно функционирање Советот оценил дека му се потребни барем 23.550.000 денари. Биле побарани и 13 милиони денари за инсталирање на Софтверот за интеграција на инспекциските служби, но тоа како своја обврска го превземало Министерството за информатичко општество и администрација.

- Ова јасно покажува дека за 2020 година не се одобрени средства потребни за спроведување на новите законски обврски на Советот, кои произлегуваат од новиот ЗИН, што би можело да има последици во доследната имплементација на Законот, подвлекува Советот во извештајот за својата минатогодишна работа.

Законот започна да се применува од 30 ноември лани со кој се следи контролата и координацијата на работата на инспекциските служби, статусот и вработувањето на инспектор, лиценците за инспектор, нивниот учинок и постапките со цел да се намалат злоупотребите и неправилностите колку што е можно повеќе.

Превентивната улога на инспекцискиот надзор е една од главните новини во Законот. Пред да им биде изречена казна на компаниите за неправилноста констатирана со надзорот, тие ќе добијат опомена од инспекторот и рок да ја отстранат неправилноста. Дополнително, преку примена на начелото на пропорционалност инспекторот е должен да презема инспекциски мерки кои се неопходни за отстранување на неправилностите и кои истовремено ќе бидат и најповолни за субјектот на надзорот.

Вонредниот инспекциски надзор треба да бидат поефикасни и побрзи, а новост е и воведувањето на листа за проверка на однапред познати области на надлежност. Инспекторите при редовните контроли треба писмено да се најават, а за вонредните треба да добијат писмен налог. Законот треба да профункционира заради заштита на правната сигурност на деловниот сектор и нивна заштита од нелојалната конкуренција, односно можноста инспекторот да изнесе и злоупотреби доверливи податоци.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија