18 Мај, 2024
0.3766

Инспекторатот за животна средина по пожарот се сели во барокната палата „Емануел Чучков“

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Државниот инспекторат за животна средина се сели во барокната палата „Емануел Чучков“ по пожарот кој избувна и ги пеплоса неговите канцеларии во поранешната банка на Комерцијална банка  во близина на македонската Филхармонија на кеј „Димитар Влахов“ каде се сместени и други јавни и државни институции.

Владата со одлука за времено користење од шест месеци му ги преотстапува канцелариите на инспекторатот кои до сега ги користеше Службата за општи и заеднички работи на „Бихаќка“ во Скопје каде што се сместени и Државен завод за ревизија и Геолошкиот завод.

Станува збор за 16 канцеларии кои ќе ги добие Државниот инспекторат за животна средина, кои пеплосаните простории ги користеше од јануари 2015 година.

Од таму по пожарот соопштија дека серверите за е-пошта и интернет страницата воопшто не се сместени во работните простории, туку се управувани од надворешна фирма. Серверот со податоци била во просторија која според информација од пожарникарските служби кои учествуваа во гаснење на пожарот воопшто не е опожарена.

Од таму по една недела од инцидентот информираа дека комплетно се обновени печатите и сите книги за непречено административно-писарско работење, како и тоа дека приемот на пошта и реализацијата на јавните набавки се одвива непречено.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање