ИНСТИТУТ ЗА ВОЈНА: Има ли Русија сила за голема офанзива?
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2023
Русите бавно напредуваат во Доњецк и голема руска офанзива е нереална.
Руската војска би можела да се обиде да изврши голема офанзива во источна Украина „во нереален рок и веројатно без доволна борбена моќ“, соопшти денеска Институтот за проучување на војната (ISW). И британското Министерство за одбрана неодамна излезе со слична прогноза.
„Еден истакнат воен блогер предупреди дека руските сили не треба да паднат во стапицата на започнување на повеќе офанзивни операции како во пролетта 2022 година, туку треба да се фокусираат на постепено напредување“, наведува ISW, потсетувајќи дека истиот блогер објавил и дека „слабеење на Украинските сили треба да бидат приоритет пред да започнат нов напад“.
Дополнително и временските услови можат да го забават напредокот на руските сили.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека победата на Украина против Русија ќе го промени светот и ќе ги запре идните агресори.
Сопругите на руските борци кои загинаа во Украина, на подарок добија бунди. Се појави видео од донацијата на Твитер. На 24 февруари ќе се наврши една година откако Русија ја почна војната во Украина.
фото Фејсбук Володимир Зеленски