09 Октомври, 2024
0.0249

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ: Што студирале најбогатите луѓе на светот?

Објавено во: Стил 02 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Британската агенција „ Aaron Wallis Sales Recruitment“ ја истражила листата на „Forbes“ од 100 најбогати луѓе на светот, за да открие што студирале и која била нивната прва работа. 

Од 100 најбогати луѓе на светот, 75 имаат диплома, а од тие 75,22 се инженери.

17%  од најбогатите луѓе сами отвориле свој бизнис.

53 од најбогатите првата работа која ја пронашле не била во компанија која е во посед на нивните семејства, а 19 отсто од нив почнале како продавачи.

Најбогатите луѓе на светот најмногу студираат технички факултети на кои ја стекнале титулата инженер, а потоа следуваат бизнис економија и финансии, па право и технолошкиот сектор.

На најголем дел од нив првото работно место им подразбирало продажба.