09 Октомври, 2024
0.0289

Интересно и примамливо: Македонка продава салати и заработува над 100 милиони долари

Објавено во: Стил 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Кој би рекол дека салатите освен што се здрави и вкусни за јадења носат и добра заработувачка?

 Сузан Ницовски која потекнува од Македонија, а е родена и работа во Канада, решила да основа своја компанија преку која ќе продава свежи салати.

Нејзината компанија која во 2011 година била процената на 75-100 милиони долари се вика „Летни свежи салати " (Summer fresh salads Inc) таа ја основала така што започнала со продажба на готови свежи салати. Сузан има дипломирано хемија во Торонто, а по дипломирањето работела како микробиолог во фирма за храна, па воопшто не и било проблем со своето искуство да понуди на пазарот свежи и квалитетни салати со рок на траење и до неколку дена.

Кога Сузан со помош од нејзината мајка ја отвориле компанијата таа била релативно мала фирма сместена во Онтарио, за денеска да прерасне во гигантска компанија која дистрибура и продава свои продукти низ цела Канада и Северна Америка. Во „Летни свежи салати" има 300 вработени и опсег од преку 3 000 рецепти за нивните производи.

Преку продажба на салати, Сузан одамна ја надмина заработката на над 100 милиони долари, а нејзината компанија прерасна во империја за здрава храна. Мега успешниот бизнис на Ницовски досега има добиено повеќе награди од индустријата за храна, но и од бизнис секторот меѓу кои и наградата за најиновативна компанија.

– Го напуштив светот на корпорациите и по дома со мајка ми почнавме да готвиме и сецкаме креативни јадења во кујната. Храната отсекогаш била дел од мојата фамилија. Моите баба, дедо и вујко поседуваа ресторани, а мојот татко е инжинер специјализиран за опрема за готвење и производство на храна. Јас уште од мали нозе обожував да готвам домати на скара. Останатото е веќе историја, вели Сузан.