19 Мај, 2024
0.0267

Интерпол објави листа на осомничени терористи во Европа, на мета неколку држави

Објавено во: Свет 01 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Интерпол предупреди дека во периодот меѓу јули и октомври 2017 година во Италија пристигнале 50 осомничени терористи од „Исламска држава“, соопшти американското издание "Политико".

Меѓународната полициска организација објави листа на лица осомничени за тероризам со италијанското Министерство за внатрешни работи во ноември минатата година. Документот ги содржи имињата, семејствата и датумите на раѓање на 50 туниски државјани, за кои се верува дека се членови на терористичката организација.

Агенцијата предупреди дека осомничените кои пристигнале во Сицилија минатата година можеби веќе ги напаѓаат другите европски земји. Четири осомничени им се познати на европските разузнавачки агенции, верувајќи дека еден од нив веќе ја преминал границата со Франција.

Италија и Франција создадоа заеднички морски патроли долж границата со Тунис, кои ќр ги спречат шверцерите на мигранти кон сицилијанското крајбрежје, кое стана популарна појдовна точка за Тунижани кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Според информација на Европскиот совет за надворешна политика, околу 4.500 граѓани на Тунис пристигнале во Италија во 2017 година, додека со тоа, околу 5 500 граѓани на оваа северноафриканска земја се приклучија кон „Исламска држава“ во Ирак и Сирија.

„Не можеме да ја отфрлиме можноста дека меѓу патниците ќе бидат џихадисти во Сицилија. Не знаеме што правеле пред да дојдат тука, не знаеме кои се и каде биле пред да пристигнат во Сицилија“, изјавил Салваторе Вела, заменик-обвинител во Агриџенто за Гардијан.

Интерпол издаде слична листа на терористи во јули 2017 година, а во неа беа вклучени 173 лица, за кои се претпоставува дека се подготвени да остварат самоубиствени напади во Европа.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години