Интерпол улови десетици педофили кои ширеле детска порнографија
Објавено во: Свет 18 Април, 2017
Во успешна акција на Интерпол приведени се 38 лица кои биле дел од распространета мрежа за ширење на детска порнографија преку мобилната апликација WhatsApp на која може да се праќаат шифрирани пораки.
Станува збор за осомничени од десетина земји од Европа и Латинска Америка, а операцијата под кодно име „Тантал“ се водела повеќе месеци. Педофилите на WhatsApp креирале дваесетина групни разговори во кои разменувале пораки, а таму член се станува единствено со покана.
Координаторот на Интерпол за злосторства против деца Бјорн Селстром изјави дека операција како „Тантал“ испраќа силен сигнал дека полицијата низ целиот свет ќе продолжи со заеднички напори за да изведе пред лицето на правдата оние кои учествуваат или извлекуваат полза од ужасни злосторства против деца.