25 Ноември, 2024
0.0268

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Објавено во: Свет 13 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Андреј Белоусов, првиот потпретседател на Владата на Руската Федерација, кој беше предложен од рускиот претседател Владимир Путин за нов министер за одбрана, е роден на 17 март 1959 година.

На Економскиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ дипломирал во 1981 година, а до 1986 година бил приправник истражувач,, потоа помлад истражувач во Лабораторијата за моделирање машински системи на Централниот економски и математички институт на Академијата на науките на СССР.

Научната работа ја продолжува во Институтот за економија и прогнозирање на научниот и технолошкиот напредок на Академијата на науките на СССР, односно Институтот за национални економски предвидувања на Руската академија на науките, каде од 1986 до 2006 година бил помлад научен соработник, потоа научен соработник, виш научен соработник и на крајот шеф на лабораторијата.

Исто така, од 2000 до 2006 година бил генерален директор на Центарот за макроекономски анализи и краткорочни прогнози, а во истиот период бил и хонорарен советник на премиерот на Руската Федерација.

Од 2006 до 2008 година ја извршуваше функцијата заменик министер за економски развој и трговија на Руската Федерација, додека од 2008 година и во наредните четири години беше директор на Одделот за економија и финансии на Владата на Руската Федерација.

Од 2012 до 2013 година беше министер за економски развој на Руската Федерација, а потоа и помошник на претседателот на Руската Федерација.

Конечно, на 21 јануари 2020 година беше назначен за прв потпретседател на Владата на Руската Федерација.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?