09 Октомври, 2024
0.0242

ИНТЕРВЈУ- ЈЕЛЕНА БАЧИЌ-АЛИМПИЌ: Телевизијата ми го наруши здравјето

Објавено во: Стил 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Телевизијата почна да воведува бесмислени, понижувачки, а денес толку популарни реални шоуа, и затоа што навистина се изморив. Со години, повеќе од две децении, моите емисии беа во врвот на гледаноста. Но јас, работејќи ја таа работа станував се понесреќна и понезадоволна. На крајот, тоа се одрази и на моето здравје и тогаш реков: Стоп!

До пред пет години, ја знаевме како водителка на популарните „Браво-шоу“ и „Убавина, здравје и уште понешто“, но и како новинарка и уредник во повеќе печатени медиуми. Телевизиската работа и донесе голема популарност и награди, Оскар на популарноста и награда за најуспешен Тв новинар во Србија. Денес, нејзино обележје се романите. Сите книги кои ги напиша Јелена Бачиќ-Алимпиќ станаа бестселери. Лирскиот стил, жената како главна хероина, историската нишка и љубовната драма се она поради коешто за читателките во Србија, во регионот и во делови на Европа Јелена е омилен автор. Новиот роман, „Куферот од Берлин“ ќе се промовира на крајот од месецов во Србија, а за Македонија, како и претходните, книгата ќе ја издава „Матица“. Шармантната новосаѓанка на 31 март доаѓа во Скопје, како гостин-предавач на тематскиот ден „ДАМА-ДА“, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Јелена за неполн час одговори на прашањата за „Женски магазин“, каде што меѓу другото зборува и за својата најголема гордост, сопругот и децата- Дуња и Марко.