09 Октомври, 2024
0.1223

ИНТЕРВЈУ АНА СИМОНОВСКА: Се вљубив во долината на Хунзите, Пакистанците се големи пријатели

Објавено во: Стил 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Се чувствувам благословено поради можноста да патувам. Тоа е најдобриот начин за збогатување на духот. Од сите места кои досега сум ги доживеала, како најимпресивни би ги издвоила Северен Пакистан, Нордкап и Исланд. Во јануари годинава имав можност да се запознаам и со Индија каде стекнав нови знаења од областа на јогата, раскажува за Женски магазин македонската музичарка и фотографка која живее во Москва

Две години престојуваше во Пакистан, а нејзината моментална адреса на живеење е во руската престолнина. Македонската јавност ја памети како пејач и кантавтор. Подоцна почна да го запознава светот на фотографијата и оттогаш, како што вели, желбата да го „фати“ вистинскиот момент расте секојдневно. Ана Симоновска веќе подолго време патува по светот, снима видеозаписи, фотографира и компонира, а нам со задоволство ни раскажа за животот во Исламабад, за магичната убавина на Нордкап, авантурите во Исланд и за усовршувањето на јогата во Индија.