Интервју Филип Ивановски-Пакомак: 9.000 тони амбалажен отпад не заврши на депонии, туку е однесен на преработка и рециклирање!
Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2013 11:10
Според наши проценки во Македонија има околку 10.000 контејнерски места. Тоа се места каде има поставено контејнери за комунален отпад, на повеќето од нив и неколку контејнери. Значи, вкупниот број на контејнери за комунален отпад е веројатно најмалку 2,5 пати поголем. Во некои општини се уште нема доволно контејнери закомунален отпад, а за оние за селективно собирање не ни размислуваат... Ако земеме дека заедничка цел на сите засегнати страни е да се собира т.е. селектира одделно амбалажниот отпад од комуналниот т.е. влажната фракција, тогаш би требало на овие 10.000 локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија и лименки. Тоа би значело вложување во најмалку 10.000 контејнери во следните 3 години или цца. 2 милиони евра, но најмалку уште толку и за специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Ова се средства потребни само за т.н примарна селекција од страна на граѓаните.
Ако на сето ова се додадат и контејнерите за собирање стакло со кои треба да се почне од нула, сортирници за секундарна селекција на отпадот по тип и квалитет, кампањи за подигање на јавната свест за одделно собирање и рециклирање кои треба да го следат овој процес, тогаш доаѓаме до бројка од над 10 милиони евра кои треба да се инвестираат во оваа сфера во следните 3-4 години. Поголем дел од овие средства треба да ги обезбедат локалните самоуправи и треба да ги предвидуваат во своите буџети.
Неодамна Пакомак спроведе истражување за еколошките навики и нивото на еколошка свест на граѓаните, кое покажа дека дури 31.9 % од Македонците го селектираат отпадот од амбалажа. Значи ли тоа дека полека и кај нас се подига општествената свест за корисноста и потребата од селективно собирање и рециклирање на отпадот?
За да се покачи овој процент на еколошки совесни граѓани, неопходно е да се направат инвестициите во инфраструкура кои веќе ги споменавме, како и поширока кампања за укажување на бенефитите од одделното собирање и рециклирање на амбалажниот отпад. Ние ќе бидеме задоволни кога над 75% од граѓаните ќе го селектираат амбалажниот отпад. Се надевам сите ќе сфатиме дека со мал напор во примарна селекција во нашите домови, може да направиме голема заштеда на природните ресурси, енергија и почвата. Доволно е само во одделна кеса да ги собираме пластичните шишиња, лименки и хартија и да ја фрлиме во посебен контејнер, најчесто жолт или син по боја.
Пакомак ја продолжува еко-акцијата во скопските основни училишта, во соработка со локалните самоуправи. Како тече досегашната соработка, задоволни ли сте со одзивот и какви се идните планови?
Еко-акцијата всушност сакаме да стане стандардна еко активност на секое училиште и секое дете. Сметаме дека доколку секое дете донесе во училиштето 5 пластични шишиња неделно, ќе се овозможи овој систем да биде одржлив и да расте. Ние како Пакомак во сите овие училишта поставивме сапунерки на секоја чешма и обезбедуваме бесплатен сапун за потребите на училиштето. Се уште не сме стигнале до просекот од 5 шишиња неделно по ученик, но има одредени училишта што веќе се многу близу до тоа! Секако е потребно континиурано потсетување и кампања што се добива со тој мал напор од ученицуте и нивните семејства, но работиме и на тоа заедно со училишниот персонал и општините. Досега овој проект е актуелен во 6 скопски општини, а планираме да го прошириме и во други општини каде има интерес и логистички можности.
Пакомак е спонзор и на бројни културни, спортски манифестации..Што позначајно би издвоиле?
Пакомак се јавува како поддржувач на сите манифестации каде може да се комуницираат бенефитите од одделното собирање и рециклирање и да се влија на подигање на свеста за тоа. Поради фактот дека наша целна група се сите граѓани на Македонија, ние се јавуваме како поддржувачи на настани кои се за дечиња од претсшколскаи школска возраст (фестивалите Поточиња и Златно Славејче), но и концерти со еко предзнак за средношколци и студенти , настани каде се собираат многу посетители кои може да ги комуницираме како на пример Пиво-фест, спортски натпревари и турнири, културни манифестации во општините, еколошки акции итн.
И оваа година ќе се одржи Trash for arts, конкурс на уметнички дела од амбалажен отпад. Кажете ни нешто повеќе за оваа акција?
Оваа година по трет пат се одржува овој конкурс и не радува дека секоја година има се поголем интерес за учество и стануваме препознатливи по тоа. Имаме посебна категорија за училишта, со што сакаме да дадеме доплнителен стимул за нив и да го поврземе овој натпревар со еко-активностите во основните училишта. Не радува што оваа година наш партнер во овој конкурс е Прокредит Банка која веднаш ја прифати идејата за партнерство и веруваме дека со нив и во 2014 ќе работиме на проекти од општествено значење,на непрофитна основа.
Со наградниот конкурс „Trashforаrt“Ссакаме да и дадеме еден поинаков поглед на амбалажата во секојдневниот живот и да ги инспирираме граѓаните да создадат интересни уметнички творби од амбалажен отпад. Готовите уметнички дела треба да бидат доставенивозградатанаГрадежниотфакултетвоСкопје, од 16 до 18 декември 2013, вопериодотод 10 до 18 часот, а победникот во секоја од двете категории, ќе се закити со вредна парична награда од 50 000 денари.
Во креирањето на делата може да се употреби следниот амбалажен отпад: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, кутии, обвивки и сл. Делата треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или различен тип амбалажа)и да бидат високи до 150 см.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




