09 Октомври, 2024
0.0273

Интервју Исидора Бјелица: Стилот на облекување е нашето огледало пред јавноста

Објавено во: Стил 03 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Исидора Бјелица, српска писателка, ТВ водителка и моден диктатор. Таа важи за една од најелегантните, модерни, софистицирани, дами со стил. Нејзиниот стајлинг не може да се замисли без нејзиниот заштитен знак, односно нејзините шешири, а нејзиниот лик не може да се замисли без нејзината позитивна енергија и позитивен дух.

Жена – борец, жена – професионалец, жена – дама. Дали дамата се раѓа или се гради, дали треба да носите брендирана облека, како да се изборите во најтешките моменти, што ја инспирира да пишува, на овие и други теми поразговаравме со жената – хероина.

Женски Магазин - Вие важите за интелигентна, храбра, паметна, позитивна личност, дама со стил. Како би го опишале вашиот стил, што е она што најмногу ве дефинира како дама?

Исидора - Ви благодарам. За мене прашањето за стилот е прашање на животот. Јас сакам елегантен данди стил. Мои идоли отсекогаш беа жените кои се вистински дами како што се Одри Хепберн, Џеки Кенеди која се дружеше со мојата мајка. Принцезата Дијана која имав прилика лично да ја запознаам. Откако го открив гардероберот на мојата баба и прабаба кои таму ги чуваа нивните предвоени шешири одлучив засекогаш да ги носам…како што вели Шанел Коко мислите на жената треба да се совпаѓаат со нејзината гардероба. И прашањето на стилот е прашање на префинетоста, елеганцијата и естетиката која ја зголемува вибрацијата.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин, овде