09 Октомври, 2024
0.0255

ИНТЕРВЈУ ИВАНА ТОРЕС: Ќе патувам од Арктик до Антарктик со комбе старо 30 години

Објавено во: Стил 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Цела година ги подготвуваме рутите. Ќе отвориме нови платформи преку кои ќе ги споделуваме најинтересните моменти. Ќе собираме и средства за неколку хуманитарни кампањи. Мојот сопруг доби возачка дозвола пред само три месеци. Подготвена сум за уште едно патување од соништата, открива за „Женски Магазин“ познатата македонска авантуристка која лани беше спектакуларно дочекана на градскиот плоштад по нејзиното четиригодишно патување околу светот на мотор

Македонската авантуристка Ивана Чолаковска Торес и нејзиниот сопруг, Шпанецот Ману Торес, по четиригодишното патување околу светот на мотор кое заврши минатата година, интензивно се подготвуваат за нова спектакуларна мисија. Нивниот следен проект е пат околу светот во 30 години старо класично Фолксваген комбе (T3 Syncro) од Арктик до Антарктик. Патувањето официјално ќе го стартуваат во Њујорк откако специјално опременото возило со брод ќе биде транспортирано од Белгија до САД.