22 Ноември, 2024
0.1040

Интервју Милошоски: Опозицијата да даде предлог за предводник на новото обвинителство

Објавено во: Македонија 28 Август, 2019

Добивај вести на Viber


Владејачкото мнозинство во Собранието тргна во скратена постапка да го носи новиот Закон за обвинителство во кој е предложено СЈО да се интегрира во обвинителството за борба со организиран криминал. Така ќе се создаде ново обвинителство под „капата“ на државното обвинителство, за што ВМРО-ДПМНЕ бара да се почитуваат сите уставни начела и законски услови. Министерката за правда се закани дека ако не обезбеди двотретинско мнозинство дека ќе оди на „План Б“, односно за наследник на Катица Јанева да интервенира преку измена на Законот за совет на јавни обвинители кои сега таква одлука не може да донесат. СЈО беше изгласано со двотретинско мнозинство и со широка политичка волја, па наметнување на вакви привремени решенија од страна на власта може да биде многу опасно. За исходот од „битката“ за СЈО разговараме со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој беше директно вклучен во преговорите со СДСМ за наоѓање на компромисно решение. Тој најави дека опозицијата нема да поднесува стотина амандмани за да го закочи процесот во Собрание и бара да даде свој предлог кој ќе биде наследник на Катица Јанева, а со тоа и предводник на новото фузирано обвинителство и зошто не се согласуваат по автоматизам позицијата да и биде доделена на обвинителката Вилма Рускоска.

Фактор: Дали очекувате дека СДСМ и мнозинството во Собранието ќе одат на најавениот План Б преку измена на Законот за совет на јавни обвинители да влијаат за промени во функционирање на СЈО и да постават наследник на Катица Јанева. Дали така се руши принципот на потреба од двотретинско мнозинство за решавање на состојбата на СЈО кое беше формирано со политичка волја на четирите најголеми партии по Пржино?

Милошоски: Ние очекуваме власта да не си игра политика туку да ги почитува уставните и правните норми кои се темел на владеењето на правото, кое е неопходен пак предуслов за државата да има барем некакви шанси да добие датум за преговори со ЕУ. Затоа, нашиот принцип е заснован на Уставот кој налага дека ниту една власт не може и не смее само врз основа на политичките интереси да дерогира системски закон како што е законот за СЈО или обвинителство кој се носи со 2/3 третинско мнозинство со друг закон за кој е предвидено помало мнозинство како што е Законот за совет на јавни обвинители. Тоа би било лош преседан кој би се повторувал на секое менување на власта што ќе има далекусежни политички последици со копирање на преседанот, но и Македонија ќе биде забележана како држава во која доминира правната несигурност. Затоа не чуди што професорка по уставно право и во моментов министерка за правда, која многу добро знае дека дерогирањето на системските закони не е дозволено го промовира ваквиот став. Тоа дури и да не се случи става темна дамка на владеење на правото.

Фактор: Што е најприфатливо за опозицијата да се постигне конечен компромис по петмесечни преговори со работните групи на СДСМ, законот влезе во собраниска процедура во скратена постапка за што мнозинството веќе гласаше, што е сега каменот на сопнување?

Милошоски: Новиот Закон значи создавање на ново обвинителство. Не зборувам за државно обвнителство, туку ново надградено обвинителство за организиран криминал и висока корупција во рамки на ОЈО. Тоа ќе биде сублимат помеѓу сегашното СЈО и обвинителството за организиран криминал. Штом се создава нова институција или некоја се надградува, логично е во тој процес да има избор или реизбор на првиот човек на институцијата. Затоа сметаме дека со носењето на законот треба да се предвиди и клаузула кој ќе го води новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција, а во тој сегмент сметаме дека не треба да биде исклучено Собрание и Комисијата за избори и именување во процесот на селекција по што изборот треба да заврши во Советот на јавни обвинители. Ние предлагаме, најголемата опозициона партија да даде предлог кој ќе биде усвоен од Комисијата, таа да го испрати Собранието, а со одлука на пратениците изборот да биде доставен до Советот на јавни обвинители на конечна одлука. Се разбира тој предлог да биде даден врз основа на високи критериуми. Власта засега не покаува сигнали за компромис и тоа ни дава сомнеж дека имаат посебен интерес кон обвинителката Вилма Рускоска за која пак, ние имаме огромни забелешки по сите скандали.

Фактор: Една од главните цели е да се сочува целината на СЈО кое треба да се вклопи во новото обвинителство за борба со организиран криминал и висока корупција со целосниот капацитет и кадар во кој беа вложени огромни средства. Ве критикуваат дека не сакате тоа да го направите бидејќи дел од осомничените и обвинетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ имаат предмети кои ги водат обвинители од СЈО?

Милошоски: Втората тема во која имаме големи разлики е што ќе биде со помошниците обвинители на Катица Јанева. Тоа прашање не треба да го дискутираме дополнително бидејќи веќе е регулирано со постоечкиот Закон за СЈО. Власта инстира тој закон да не се почитува и помошниците на Јанева, и сака автоматски да ги префрли во новото обвинителство за борба со организиран криминал и висока корупција. Тоа не е уставно начело, затоа што секој има право да биде дел од тоа ново обвинителство. Исто така според законот на помошниците на Јанева им претстанува мандатот кога ќе престане мандатот и на специјалниот јавен обвинител, по што тие се враќаат во матичните обвинителства каде сега им мирува работниот однос. Потоа секој ќе може да аплицира за работа во новото обвинителство и откако ќе се направат проверки и ќе се види дали се исполнуваат стандардите ќе се врши пополнување на местата. Со оглед на тоа колку бил широк обемот на злоупотреба на материјалите за „Рекет“ ние имаме основани информации дека Катица Јанева не можела сама тоа да го направи, па дури ни за еден бизнисмен како Орце Камчев. Има основано сомневање дека имала помагатели, па постои можност тие да биле внатре од СЈО, таа сенка стои врз целиот тим додека не се утврди одговорноста на поединците кое биле вклучени.  Дескоска спинува дека нашите барања се за да се закочат судските процеси што не е точно. Судскиот процес не е врзан со обвинителот како личност бидејќи секогаш личноста може да се промени, од губење деловна способност, не дај боже смртен случај или оставка. Секој предмет ќе продолжи да биде застапуван пред судот без оглед која личност е обвинител и нема да има никаков застој.

Фактор: Постои ли опасност од прекинување на предметите кои ги води СЈО, од застарување до не можност тие да биде преземени или водени. Сака ли опозицијата да избегне одговорност?

Милошоски:Нема никаква закана за застарување на предметите бидејќи тие веќе се поднесени како обвинителни акти пред судот и се водат рочишта. Тие 18 обвинителни акти не може да престанат бидејќи се влезени во процес, освен ако се случи некоја виша сила. Ние и кажавме на Рената Дескоска Треневска дека сите случаи кои имаат судски тек да си имаат и судски исход.

Фактор: Што е со истрагите кои СЈО ги покрена по јуни 2017 година кога истече рокот за поднесување на обвиненија. Што ќе биде со овие предмети во кои исто така се вклучени функционери на ВМРО-ДПМНЕ, нив кој ќе ги застапува и дали ќе се отворат?

Милошоски: Ние им рековме дека јуни 2017 е законски рок кој јасно е поставен. Тој законски рок бил ставен за да се почитува, а не прекршува. Е, сега ни станува појасно што се случувало. Обвинителите, вклучувајќи ја специјалната јавна обвинителка, но и другите кои биле вклучени, си поставиле приоритети, и вршењто на рекет и уцени кон бизнисмени им било поважно, отколку поднесување обвинителни предмети и акти. За нив тие тврдат дека се подготвени да ги започнат и водат, но прашањето е зошто не ги поднеле? Затоа ние сметаме дека во моментот додека законот опредил рок и СЈО имало улога на овластен тужител, ако тие го пропуштиле рокот намерно или ненамерно, значи дека новото обвинителство ќе може да отвори нови истраги и предмети. Ние сме мала земја, и сите ги знаеме случаите по допрен глас. И ако Катица Јанева не нашла за сходно да поднесе обвинителен акт против Никола Груевски и Али Ахмети за предметот „Попис“, тогаш новиот обвинител на новото обвинителство по допрен глас ќе може да отвори истрага, да обезбедува докази и да ја води процедурата.

Фактор: Седницата за расправа за новиот Закон за обвинителство е закажана за во четврток по скратена постапка. Очекувате ли да се стигне до компромис и заеднички да се изгласа предлогот за реформа на овој сегмент од правосудството? 

Милошоски: Ние во четврток ќе предложиме суштински амандмани на предлог текстот кој го доставија СДСМ и ДУИ. Нема да одиме со некаква голема бројка да решавме ситници, ние би имале отприлика дваесетина амандмани, не повеќе и сите ќе бидат суштински. Не сакаме да одиме на процентуално прифаќање на амандмани, на пример да поднесеме 100 меѓу кои и голем број технички, па потоа власта да прифати 70 и да рече еве направивме голем компромис, а сите суштински да ги отфрли. Четврток ќе биде како лахмус хартија да се покаже колку власта е подготвена на компримис во носењето на системски закон со двотретинско мнозинство кој има можност и шанса да ги надмине мандатите на следните неколку влади. Ако законот се донесе на мускули, тој ќе трае додека трае владеењето на СДСМ и по промена на власта веднаш ќе биде променет.

Фактор: Дали очекувате пак, СДСМ да тргне во лов на двотретинско мнозинство како со примерот на уставните измени?

Има такви кулоарски дојави и гласини, дека власта ќе се обиде на поединци пратеници или на групи на пратеници да им понуди нешто, да ги награди или пак уцени, за да добие поддршка за закон кој им е важен, но со тоа само ќе покаже дека рекетарското однесување на Катица Јанева е и актуелен политички софтвер и на власта. Таквото рекетирање во Собранието веќе се случи еднаш за уставните измени и нема да има корист ниту СДСМ, ниту власта, ниту државата ако тоа тоа се повторува за донесување на секој поважен закон.

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ