09 Октомври, 2024
0.0253

Интервју Николовска: Со изложбата „Жената во Македонија низ времето“ ја промовиравме богатата традиција и култура на нашата земја

Објавено во: Стил 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

„Секогаш се трудиме да истапиме со идеи каде би можеле да влијаеме за позитивни промени. Општеството има свест онолку колку што стопанските субјекти имаат слух за проблемите и потребите на општеството и излегуваат пресрет со организирање на акции, кампањи и слично. Нас општествено одговорните активности ни се дел од корпоративната култура, тоа ни е личен индивидуален став, ние потегнуваме иницијатива а не чекаме да ни тропне на врата“ вели Валентина Николовска, менаџер за комерцијализација во Скопје сити мол во интервјуто за Женски магазин.

Николовска ни раскажува за изложбата „Жената во Македонија низ времето“ констатирајќи дека истата била најдобриот избор.

Женски магазин: Поставката „Жената во Македонија низ времето“ која беше организирана во Скопје сити мол беше несекојдневен настан бидејќи беше прва вонмузејска поставка каде за првпат артефакти од минатото беа претставени во најкомерцијалниот продажен простор во нашата држава. Како ја оценувате изложбата?

Валентина Николовска:Кога зборуваме за изнесување на поставките надвор од музеите и сакаме изложбите да ги доближиме до граѓаните, тогаш поставувањето на изложбата „Жената во Македонија низ времето“ во Сити мол, е најдобриот избор. Според посетеноста на нашиот трговски центар, популарноста што ја има не само во Скопје и Македонија, туку и пошироко во регионот поставивме основа за еден поинаков вид забава.