09 Октомври, 2024
0.0261

ИНТЕРВЈУ СО КРЕАТИВНИОТ ТАНДЕМ ЗА ДИЗАЈН „ИСКРА И ЛИДИЈА“: Интернет продавница е нашиот следен чекор

Објавено во: Стил 06 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Модната дизајнерка Лидија Георгиева и архитектката Искра Јанковска- Михајловска станаа креативен тандем и го создадоа брендот „Искра и Лидија“, кој стана препознатлив по модниот дизајн на домот.

Перниците велат, ги избираат како дел од мебелот со кој ќе ја покажат идејата за изглед на еден простор. Искра и Лидија дизајнираат и огледала, маси, чаршафи и се што може да се стави во контекст на декорирање. Неодамна, својата нова колекција „Зебра“, инспирирана од Африка ја презентираа на настанот „Фешн и Лајфстајл“ во МОБ, а го разубавија и салонот на француската резиденција во Скопје. Со двете дами разговаравме за начинот на работа, и за желбите и плановите кои веќе почнуваат да се остваруваат, нивните производи да се промовираат и надвор од Македонија.

Женски магазин- Како почнавте да соработувате вие две, што ве соедини?

Искра и Лидија- Нашите работни искуства и образование се различни, но сепак се од сродна категорија. Архитектурата и дизајнот се дел од една визуелна област, култура и стил кои двете сме ги граделе на одредено ниво, па токму тука се најдовме. Првичните разговори беа околу потребите за естетика во уредувањето на просторот и сфативме дека добро би се надополнувале доколку соработуваме. Во суштина, имавме потреба да работиме на создавање оригинален бренд, преку кој ќе ја покажеме нашата визија за декорирање на просторот за живеење или работа

Целото интервју може да го прочитате на Женски магазин, овде!