18 Мај, 2024
0.0306

Интервју со министерката Елези: Ако кризата не се реши прашање е како ќе функционираат општините

Објавено во: Македонија 08 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Актуелната политичка криза во која имаме блокирано Собрание кое ни одблиску не е до избор на претседател носи ризици да се проблематизира работата на органите на локалната самоуправа, а со тоа и да се нарушат многу правни односи на граѓаните, како и нивните права поврзани со општините. 

Мандатот на градоначалниците и советите на општините истекува, рокот за распишување на локални избори одамна е пробиен, па единствено решение е возможно доколку има политичка волја на партиите во Собранието да направат законски измени и секако да дојдат до точка на распишување нови избори. 

Затоа разговаравме со министерката за локална самоуправа д-р Ширет Елези која гледа неколку опции според расположливата законска регулатива, но неопходно е што побрзо да се реши политичката криза.

Фактор: Какви се законските одредби за ваков вид на ситуација, до кога градоначалниците и советите ќе може да ги извршуваат своите надлежности?

Елези: Согласно Законот за локалната самоуправа, член 35, став 1, членовите на советите се избираат за време од четири години. Според член 49 од истиот Закон и градоначалникот на општината се избира секоја четврта година. Согласно член 16 од Изборниот законик изборите за совет и градоначалник се одржуваат истовремено во сите општини, секоја четврта година, во првата половина на мај, што значи дека до 15 мај изборите требаше да се одржат.

Со оглед дека роковите за изборните дејства неможат да бидат пократки од 70 денови ниту подолги од 90, повеќе од јасно е дека изборите неможат да се одржат во првата половина на месец мај. 

Од тие причини Министерството за локална самоуправа побара мислење од Министерството за правда, надлежно за вршење на работите што се однесуваат на изборите.

Согласно мислењето од Министерството за правда, постојните членови на советите на општините и постојните градоначалници можат да ги извршуваат своите со закон утврдени надлежности до завршување на рокот определен во членот 16 став (1) од Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на месец мај, со цел да се обезбеди заштита на уставно загарантираното право на граѓаните на локална самоуправа преку обезбедување на континуирано вршење на надлежностите од страна на органите на општината (градоначалникот и советот). 

Всушност, и во редовни околности, изборите да се одржеа во законскиот рок, до средината на месец мај, мандатот на актуелните градоначалници и советници ќе траеше се до изборот на нови. 

Фактор: Дали ако постои политичка волја и во наредниот период се конституира Собранието и се избере претседател ќе може да се донесе законско решение со кое ќе им се продолжат ингеренциите на општините се до одржување на нови локални избори?

Елези: Доколку се создадат услови за распишување на локални избори, што значи избор на претседател на Собранието, една од неговите уставни обврски е да распише локални избори (чл. 67 став4). 

Во овие политички околности  од претседателот на Собранието зависи дали тој веднаш ќе пристапи кон реализирање на неговата уставна обврска или пак првично ќе организира консултација со лидерите на релевантните политички партии за да разговараат за приоритетните прашања, меѓу кои е и одржувањето на локалните избори. Доколку постигнат консензус во однос на терминот на нивното одржување, сигурно дека ќе се појави потреба од измени во Изборниот законик во однос на денот на нивното одржување, што автоматски би значело и продолжување на нивниот мандат.

Доколку набрзо не се надмине актуелната политичка криза тесно поврзана со изборот на претседател на Собранието, сигурно дека се доведува во прашање натамошното функционирање на органите на општините (градоначалникот и советите) како и легитимноста на нивните одлуки. 

Нефункционалноста на институциите предизвикана од политичката криза, во следна фаза може да предизвика системска криза. Или еден од столбовите на власта-локалната власт да не може да ги извршува своите со закон определени надлежности, а граѓаните да не можат да го остварат уставно загарантираното право на локална самоуправа.

Фактор: Што во случај ако сите рокови се пробијат, какви решенија тогаш би препорачале вие како Министерство за локална самоуправа?

Елези: Министерството за локална самоуправа секојдневно е во комуникација со локалните власти кои што исто така се загрижени во однос на настанатата ситуација и нивното функционирање по 15-ти мај. 

Во прашање е доведено уставно загарантираното право на граѓаните на локална самоуправа, но и испораката на локалните јавни услуги кон граѓаните.

Од тие причини, Министерството за локална самоуправа со Информација ќе ја извести Владата за настанатите состојби и ќе побара решение, со цел да се овозможи непрекинато функционирање на општините, со продолжување на мандатот на актуелните, до изборот на нови градоначалници и совети.

Неопходно е да се најде начин единиците на локалната самоуправа да можат да функционираат и  да одговорат на своите уставни и законски надлежности. Интересот на граѓаните е да можат да си ги остваруваат своите права, како избирачи, како носители на одлуки за прашања од локален карактер, но и како корисници на услуги кои што тие ги плаќаат преку даноците, сметките и други давачки, определени со закон или одлука на органите на општината.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање